Официјални лица од Украина известија дека 17 лица се ранети по рускиот воздушен напад на центарот на градот Харков.
Меѓу нив има и 12-годишно момче и 8-годишно девојче, а највозрасната личност има 87 години.
Едно лице е во тешка здраствена состојба, а додека другите се пуштени на домашно лекување.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов изјавил дека спасувачки екипи се во потрага по останати повредени лица.











