20тина дисциплински постапки против судии ќе се најдат под лупа на невладиниот сектор .
Коалицијата Сите за правично судење и професори од правниот факутет ќе анализираат дали се потребни нови законски измени или треба да се смени начинот на кој судскиот совет постапува .
Одговорноста во правосудството не треба да се колективизира треба точно да се лоцира а постапките треба да бидат ефикасни и фер порачаа експертите.
Паричната казна за судијата Енвер Беџети кој во фиока го чуваше предметот за екс шефот на УБК Сашо Мијалков но и разрешувањето на екс претседатлеот на Кривичниот суд Владимир Панчевски се дел од 20тина досиејата кои ќе ги анализираат претставниците од Коалицијата сите за правично судење заедно со професори од Правниот факултет. Ова ќе биде прв експертски поглед во тајните дисциплински постапки водени според последните законски измени а исходот треба да биде препораки за подобрување на ефикасаност на постпаките или законски измени или менување на начинот на кој постпаува судскиот совет
Судски ги отвори архивите за овој проект поддржан од британската амбасада. Претседателката Дамева смета треба да се размислува дисциплинксите постапки да се отворат за јавноста. Таа порача дека малкумина судии се корумпирани но тие се канцерот во правосудстовто.
Повеќе од половина од судиите и во ланската анкета на ОБСЕ се изјаснија дека не веруваат дека судски дисциплинските постапки ги води на објективен начин. Судијката Антоанета Димовска која една година е член на Судски посочи дел од причините за недовербата.
Од Здружението на судии се залагаат да се зајакне нивната улога во овие дисциплинските постапки .
И оценската мисија на ЕУ даде препораки за дисциплинските постапки.
Елена Ивановска Мукоска











