Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

22 отсто од хоспитализираните пациенти во ковид центрите биле целосно вакцинирани

/

пред 1796 дена

Сподели преку :

Во период од 06.08 до 04.11.2021 на територија на државата 48.955 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 28% биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица, информира Министерството за здравство.

Оттаму укажуваат дека голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19.

Според статистика на Министерството за здравство за изминативе два месеци, 35.069, граѓани, односно 72% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78%, додека само 22% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6.08 до 04.11.2021 на територија на државата починале 1.688 пациенти со Ковид 19, 1.376 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 312 примиле вакцина.

Според анализите на министерството починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање во нашата држава.