Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

24-годишната пациентка од Тетово, најмлада жртва на КОВИД 19 во земјава

/

пред 2275 дена

Сподели преку :

24-годишна пациентка од тетовско село Јажинце, општина Јегуновце е најмладата жртва на КОВИД 19 во земјава.

Телма дознава дека девојката  била болна една недела пред прием на Клиниката за инфективни болести. Имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Лекувана е од матичен лекар со инфузиони раствори 4 дена, а поради опстојување на тегобите се јавиле во болницата во Тетово. Направен е тест за ковид, добиен е позитивен наод и пациентката е хоспитализирана.

Со тешка клиничка слика, ниска сатурација и отежнато дишење е префрлена на Инфективната клиника во Скопје на 28 јуни. Во тек на лекувањето на клиниката се применети сите можности за лекување, по што се забележа извесно подобрување, но краткотрајно, со наредно повторно влошување и клинички знаци на срцева слабост и белодробна тромб емболија. И покрај сите преземени начини за лекување во тесна соработка со кардиолог, пациентката и подлегна на болеста.

За пациентката нема пријавен податок дека имала претходни хронични заболување, но поради сомнеж на лекарите за можни коморбидитети, во следните денови ќе се разговара со семејството за здравствената состојба на починатата пред инфекцијата со ковид-19.