Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

24 часовен штрајк на јавниот превоз во Германија

/

пред 245 дена

Сподели преку :

Германија се соочува со голем 24-часовен штрајк во јавниот превоз, на кој повика синдикатот Верди и кој опфаќа околу 150 комунални и претпријатија за локален транспорт.

Според очекувањата патниците ќе се соочат со масовни доцнења и целосни откажувања на автобуси, трамваи и подземна железница во повеќе градови.

Штрајкот се одвива во рамки на националните колективни преговори за подобри услови на работа, пократка работна недела, сменски распоред и повисоки додатоци за ноќна и викенд работа… Патниците се советуваат да планираат повеќе време за патување, а како алтернатива се препорачуваат изнајмување автомобили, велосипеди или електрични тротинети.

Дополнително, синдикатот најави предупредувачки штрајк во службите за одржување на патиштата во делови од Долна Саксонија од 2 до 4 февруари.