Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

24 години од крвавата заседа кај Љуботенски бачила

/

пред 427 дена

Сподели преку :

Со свечена церемонија и положување свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во Волково, денес Општина Ѓорче Петров одбележа 24 години од трагичниот настан кај месноста Љуботенски бачила, каде на 10 август 2001 година животите ги загубија осуммина припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија.

На настанот присуствуваа бројни делегации, меѓу кои од Владата, Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата, Претседателот на државата, Министерството за внатрешни работи, како и здруженија на бранители и борци.

Делегациите, заедно со членовите на семејствата на загинатите, оддадоа почит со положување цвеќе и минутa молк.

Животите во експлозија на мина на 10 август 2001 ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски.

На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски, кој загина една година претходно во Арачиново.