Убиство со Скопје. Дваесет и осум годишно момче си го уби татко си во нивниот дом.
Вчера околу 16 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(28) од Скопје поради основи на сомнение дека со остар предмет во семејниот дом го убил својот татко Б.П.(75), соопшти МВР.
Смртта ја констатираше Итна медицинска помош. Соодветна пријава ќе биде поднесена по документирање на случајот.











