Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставниот суд застана на страна на ДИК

/

пред 400 дена

Сподели преку :

ДИК постапиле уставно и законски кога го донеле Правилникот со кој им се овозможи на независните кандидати да се кандидираат со два потписи, оценија мнозинството уставни судии, кои денеска одлучија да не се поведе постапка за оценување по иницијативата на Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров.

Претседателот на Уставниот суд рече дека, во плодната, конструктивна и на моменти остра расправа, преовладеал клучниот аргумент дека,иако по укинувањето на одредбите од нивна страна,  Изборниот законик не го регулира критериумот, и понатаму се на сила одредбите дека ДИК можат да го регулираат прашањето со Правилник.

  • ДИК има правен основ и биле должни да го донесат Правилникот, а овде е особено важна претходната одлука на Уставниот суд затоа што нашите одлуки имаат правен ефект и врз ДИК и би било огромно погазување на нашата одлука   и на ИЗ ако не постапеа така, рече  Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд.

Костадиновски смета дека, пополнувањето на правни празнини е многу важна тема во правото. Појасни дека, кога во одредени околности се укинати или поништени некои одредби тогаш и право и должност на законoдавецот е да ги полни тие правни празнини. Во случајот Собранието тоа не го стори, а одлуките на Уставниот суд го имаат истиот правен ефект како и законот и се конечни за секого, вклучително и за ДИК.

Аргументите на иницијаторот со кој ја оспоруваше уставноста беа дека, со донесување на Правилникот е напрaвена повреда на Изборниот законик и неколку членови  од Уставот. Подносителот тврдеше дека иако изборните рокови се во тек, ДИК постапиле надвор од своите овластувања и со подзаконски акт пропишале услови за остварување на избирачко право на граѓаните да учествуваат во вршење на јавни функции.

Далиборка Демјанска