Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

30 дена притвор за поранешниот правобранител Фахми Стефа

/

пред 298 дена

Сподели преку :

Основниот кривичен суд му определи триесетдневен притвор на поранешниот правобранител Фахми Стефа, поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Судот го прифатил предлогот на Обвинителството.

Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека Стефа е осомничен дека во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето влијание за интервенција кај судија во Апелациониот суд Скопје.

Според истрагата, тој првично побарал 100.000 евра за да обезбеди укинување на мерка притвор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, осомничен во случајот „Синџир“, кој е недостапен за органите на прогонот.

Стафа бил уапсен за мито што требало да му го даде на апелационен судија