Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

/

пред 934 дена

Сподели преку :

Пред седиштето раздвижено и бучно, а пред органите и највисоките партиски тела кратко и јасно потврдени листите на пратениците кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Освен досегашните 36 од 41 пратеник на листите се впишани и четири коалициски места, останатите се нови имиња за граѓаните, но добро познати на партијата. Лидерот Мицковски предводи во единица, грб му чува потпретседателката на партијата Гордана Кочовска, а на добитните места од проекциите и актуелната портпаролка на партијата Марија Митевски.

Во двојка етаблираното партиско дуо Владо Михајловски – Жаклина Пешевска. Во интригантната четворка на југоистокот, Александар Николовски ќе бие битка со главниот конкурент носител на листа од СДСМ Венко Филипе.

За Изборната едница тројка партиската доверба му доделена на Драган Ковачки, а во петка носител е генералниот секретар на партијата Горѓија Сајковски. Вечерва опозиционерите од палатата „Павел Шатев“ ја затворија и коалицијата. Со Зијадин Села не паднале ниту во разговор, а извисија за пратеници и новодојдените доскорешни противници, Богојевски, Трајанов и Ангелов.

Кај владејачкото мнозинство поосвежено во пратеничките листи. Доверба за дини пратеници само  за половина од актуелните, но лидерот на партијата тврди дека без малку на сите им се допаднале предлозите.

Вторник е последниот термин партиите да ги потпишат, скројат по законот и предадат на државната изборна комисија.

Пaвле Беловски