Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе се разгледува предложениот собраниски Деловник по третиот дијалог „Жан Моне“

/

пред 1611 дена

Сподели преку :

Пратениците повторно учат за демократија од „Жан Моне“. Викендов во Маврово заедно на маса се координаторите на раскараните пратенички групи, со претседателот и еден од потпретседателите на Собранието и разговараат за правилата за работа. Последниот предлог-деловник за работа произлезе по одржаниот трет дијалог „Жан Моне„ во законодавниот дом. Доколку се усогласат, предлогот потоа ќе се разгледува во полн состав на работната група за учество на дијалогот и европратениците.

Работниот викенд е без присуство на медиумите, а јавноста преку соопштение ќе дознае што се договориле.

Овој дијалог е инструмент развиен од Европскиот парламент, како алатка во областа на парламентарната медијација и поддршка на демократијата во ЕУ, и во негови рамки досега се одржаа две сесии, вклучително и за Законот за Јавно обвинителство.