Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во Треблинка

/

пред 209 дена

Сподели преку :

Еврејска заедница во Република Македонија и Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка за време на Холокаустот.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше во  Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“  во Полска на комеморацијата посветена на Холокаустот на македонските Евреи. Таа им оддаде почит на жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот на смртта Треблинка во 1943 година.

Ден претходно, собраниска делегација предводена од потпретседателката на Собрание на Северна Македонија, Весна Бендевска, положи цвеќе на Споменикот на жртвите на холокаустот „Камена Менора“ и на споменикот на Естреја Овадија-Мара во Битола.

Евреите од Битола, Штип и Скопје ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани во скопскиот Монопол, од каде во три наврати биле депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска. Транспортот на Евреите од Македонија започнал на 22 март 1943 година, а до 29 март истата година биле депортирани сите македонски Евреи во Треблинка, од каде никој не се вратил.

За само 14 месеци, од август 1942 до септември 1943 година, во Треблинка биле убиени околу 925 илјади луѓе, меѓу кои и 7.144-те македонски Евреи. 🕯️