Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

905 новозаразени и 18 починати од Ковид-19

/

пред 1689 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.808 тестови, а регистрирани се 905 нови случаи на КОВИД-19

Од вкупниот број на позитивни (905), регистрирани се 161 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (70г, 77г и 97г) и Прилеп (61г, 72г и 77г) и по едно од Велес (75г), Охрид (88г), Кавадарци (58г) и Крушево (63г). Од пријавените лица 9 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Охрид (1), Битола (1), Куманово (1), Македонски Брод (1) и Неготино (1). Починатите лица се на возраст од 54г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 07.02. до 15.02.2022. Од починатите лица,  7 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 15 лица се регистрирани коморбидитети.