Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ацевски: Mонополот при набавка ги доведува здравствените установи во заложничка положба

/

пред 1083 дена

Сподели преку :

Пратенички прашања со барањаза утврдување на одговорност и одговори од државниот ревизор Максим Ацевски околу наводите во ревизорскиот извештај за работењето на Клиниката за Онкологија, поставеноста на здравствениот систем во делот на јавните набавки и медицинска опрема која е набеван но не се користи. На Комисијата за финансирање и буџет  повторно се дебатираше за скандалот на Онкологија.

За пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО ДПМНЕ, покрај тоа што не фунционира КАТО системот симптоматично е зошто истрагата обвинителството ја отворила по новинарски натписи а не по извештајот на Државниот ревизор. Таа прашазошто не функционира националниот систем со кој требаше да управува Министерството за здравство, а преку кој се контролира целиот пат на третирање и дијагностика на пациентите.

Ризикот од монопол при набавка на терапија е нешто што треба веднаш да се адресира нагласи државниот ревизор Ацевски и соопшти дека се доставени дополнителни заклучоци до Собранието кои се однесуваат на овој проблем и на проблемот со набавена опрема која не е во функција.

За пратеникот Минов, неговите колеги од опозицијата се обидуваат расправата да ја насоичат кон вина на актиуалената владеачка гарнитура со квалификации. Тој е дециден дека одговорност ќе има.

Според пратеникот Љупчо Пренџов пак  пратениците од владеачкото мнозинство се обидуваат да ја спречат дебатата во Комисијата околу ревизорското извештај.

Огнен Чанчаревиќ