Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ацевски: Кисела Вода е невиден хаос од паркирање и возила, гаражи под паркови се нон-сенс

/

пред 378 дена

Сподели преку :

Невиден хаос е во Кисела Вода од паркирање, од возила и ќе треба некое решение што минимално ќе ги ублажи последиците од претходните 30 години работење, рече Јане Ацевски, кандидатза градоначалник на Кисела Вода од Левица, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Не знам кој ќе најде решение за она што е направено таму. Постојат некои решенија, но дали целосно тие решенија ќе одговорат на потребите на граѓаните. Она што го видов од терен и она што го гледам секој ден таму е еден невиден хаос од паркирање, возила. Она што некој предвидува таму, подземни гаражи, надземни гаражи, не знам што, е многу тешка работа, особено онаму каде што предвидуваат под парковите да се правеле гаражи. Тоа ми е областа, тоа е нон-сенс. Нема што тука да разговараме“, истакна Ацевски.

Во вечерашната дебата во „Топ тема“ беа поканети сите седум кандидати за градоначалник на Кисела Вода. Присуството го откажа само Марко Ташков од група избирачи.

С.Д.