Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Администрацијата на Бајден се обиде да го убие Путин, тврди Такер Карлсон

/

пред 629 дена

Сподели преку :

Американскиот новинар Такер Карлсон ја обвини администрацијата на Џо Бајден за обидс за убиство на рускиот претседател Владимир Путин.

„Администрацијата на Бајден се обиде да го убие Путин“, рече поранешниот водител на „Фокс њуз“ во најновата епизода на својот подкаст „Шоу на Такер Карлсон“, пренесува „Политико“.

„Што е лудост. Дементно е такво нешто воопшто да ти падне на памет. Па, зошто тогаш го сторија тоа? – Бидејќи хаосот е штит кој ги чува“, додаде Карлсон.

Карлсон не понуди докази за поткрепување на таквото тврдење за администрацијата на Бајден која управуваше со САД од 2021 до 2025 година, додека се засилуваше војната на Русија против Украина.

Карлсон, кој доби отказ во „Фокс њуз“ во 2023 година среде правни проблеми за емитување на неточни тврдења изборна проневера во 2020 година, завера за која Карлсон често зборуваше во неговата емисија, честопати пренесуваше тврдења на Кремљ, ја критикуваше американската помош за Киев и тврдеше дека Украина не е демократска земја.

Лани во февруари отпатува во Москва и направи интервју со рускиот претседател Путин, а во декември и со шефот на дипломатијата, Лавров.