Обвинителниот предлог да се преведе на албански јазик, ова барање на бранителите на обвиниетиот 43-годишен родител кој на 24 август на стадион во Штип нападна 15-годишни фудбалери е причина за да судењето се одложи на 29 септември. Одбраната на обвинетиот денеска доставија и нови докази на судијата од Основиот суд во Штип.
Наредното рочиште е закажано за 29 септември, а расправите продолжуваат и на 2 и 3 октомври.
Обвинетиот се товари за кривично дело „Насилство“, што се случи на игралиштето „Бело Брдо” на 24 август. Инцидентот се случи во 89 минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот кој играл за фудбалскиот клуб Шкупи.
Според обвинителниот предлог, незадоволен од одлуката најпрвин синот се однесувал неспортски и со тупаници и клоци се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на Брегалница. Тогаш на терен влегол таткото. И тој со тупаници и клоци почнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди, повеќе набиеници и скршеници на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.
Викторија Јованова











