Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Аеродромот во Брисел очекува многу летови да бидат одложени во понеделник поради синдикален протест

/

пред 648 дена

Сподели преку :

Аеродромот Завентем во Брисел соопшти дека многу летови во понеделник следната недела се очекува да бидат одложени поради закажаниот  протест во главниот град на Белгија, организиран од синдикатите.

Се уште не е познат точниот број на летови кои ќе бидат одложени .

Аеродромот очекува исто така многу вработени во копнените служби да се приклучат на протестот, што ќе ги ограничи можностите за работа. Нема информации колку патници ќе бидат засегнати од овие акции, додаваат од аеродромот.

Причина за протестот се планираните промени во законодавството за даноци и социјално осигурување.

Белгиските синдикати се изјаснија дека се против  планираните промени во законодавството за даноци и социјално осигурување во земјата.

Измените се дел од договорите за кои разговараа идните коалициски партнери речиси осум месеци по парламентарните избори во јуни минатата година.