Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АфД во убедливо водство, Мерц без парламентарно мнозинство – ново испитување на јавното мислење во Германија

/

пред 148 дена

Сподели преку :

Германските медиуми јавуваат дека за првпат во испитување на јавното мислење во земјата, десничарската Алтернатива за Германија (АфД) води со цели пет процентни поени пред владеачката демохристијанска Унија ЦДУ/ЦСУ.

Во истражување на јавното мислење на институтот Инса за неделното издание на „Билд“, на прашање „за кого би гласале ако оваа недела се одржат парламентарни избори“, 28 отсто се изјасниле за АфД.

За владеачката ЦДУ/ЦСУ моментно би гласале 23 отсто, што е најниско ниво од ланските избори. Помалиот партнер во владата на канцеларот Фридрих Мерц, Социјалдемократската партија на Германија би добила 13 отсто од гласовите, што е едно од најниските нивоа за партијата на федерално ниво. И за „Зелените“ би гласале 13 отсто од гласачите, додека партија Левица би ја поддржале 11 од електоратот.

Според овие бројки, коалициската влада на Мерц би немала парламентарно мнозинство.