Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Агелер – Се разгледуваат многу случаи кои може да завршат на црната листа

/

пред 796 дена

Сподели преку :

Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека се разгледуваат многу имиња и многу случаи кои може да завршат на американската црна листа, но оти не може да даде датум кога би можела да се прошири. Проширувањето на листата се прави согласно законите на САД. На американската црна листа засега се поранешните функционери Никола Груевски, Сашо Мијалков, Кочо Анѓушев, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, бизнисменот Орце Камчев и неговата мајка, како и градоначалниците на Струга и на Карпош, Рамиз Мерко и Стевчо Јакимовски.

„Има многу имиња од кои може да се бира и да се достават на разгледување во Вашингтон и можам да ве уверам дека многу случаи активно се разгледуваат во Вашингтон, a дополнителни информации се собираат тука. Тоа е процес што трае, немам датум за вас, извинете што ќе ве разочарам, но ве молам имајте на ум дека се водат континуирани разговори“, рече Агелер, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на касарната во Штип.