Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Агенција на ОН за палестински бегалци: Убиени уште двајца наши вработени во Газа, Израел досега погоди 33 наши објекти

/

пред 1080 дена

Сподели преку :

Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за палестинските бегалци (УНРВА) соопшти дека уште двајца членови на персоналот се убиени во израелските напади во Газа, со што вкупниот број на загинати лица на организацијата во изминатите две недели се искачи на 16, пренесува „Харец“.

Од УНРВА сметаат дека тој број веројатно ќе биде поголем, бидејчи Израел досега погодил 33 нејзини објекти во нападите.

„Засолништата на Агенција во кои се сместени преку половина милион луѓе се преполни, посебно во јужна Газа“, се наведува во соопштението на УНРВА.

Агенцијата предупредува дека во засолништата недостасува вода за пиење, гориво и други основни производи.