Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ахмети не е во игра за избори

/

пред 701 дена

Сподели преку :

Ахмети не е во игра при калкулациите за избори. Откако вчера лидерот на ДУИ го прифати предизвикот што не му беше наменет нему, туку на Венко Филипче, на есен да одат на двојни избори, премиерот Христијан Мицкоски денеска му порача да се подготвува за нешто друго.

Вицепремиерот Изет Меџити пак, на фејсбук му порача на Ахмети, да се подготви уште долго време да биде во опозиција.

Ахмети синоќа од Боговиње му порача на Мицкоски дека прифаќа предвремени избори и да се подготви добро за догодина.Претседателот на СДСМ, кому во одговор на неговото пратеничко прашање премиерот му го упати предизвикот да си ја проверат довербата на двојни избори идната есен, не сакаше да коментира многу и порача дека нивниот став за ова прашање ќе го искаже на официјална прес-конференција во понеделник.

Далиборка Демјанска Цветановска