Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АХВ ги доби резултатите: Безбедна водата за пиење во Гостивар!

/

пред 745 дена

Сподели преку :

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем кои ги изврши Институтот за јавно здравје Скопје, во рамки на вонредниот инспекциски надзор на АХВ на 05.10.2024 година. Резултатите од испитaната вода, земени  од три мерни места во Гостивар, се безбедни, односно физичко – хемиски и бактериолошки, одговараат со дефинираните критериуми за безбедност  со Правилник за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл весник на РМ бр.183/2018). И присуството на манган е во граница на дозволените вредности.

Паралелно, на 5, 8 и на 09.10.2024 година, земени беа десет мостри за анализа на водата за пиење од градски водовод Гостивар од страна на Центар за јавно здравје Гостивар. Резултатите од тестирањето на водата за пиење потврдија дека мострите одговараат физичко хемиски и бактериолошки со параметрите од Правилникот, а манганот е во граница на нормалните вредности.

Бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем стои во соопштението на АХВ