Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ако не се реши овде, ќе одиме во Стразбур – Левица најави тужби и бара мерка од Уставниот суд за стопирање на забраната за рекламирање на партијата

/

пред 387 дена

Сподели преку :

Левица реагира на, како што велат, невиден облик на дискриминација од властите по забраната за платено политичко рекламирање на партијата во приватните медиуми што, според нив, претставува преседан во историјата на Македонија.

На прес-конференција пред Уставниот суд, претседателот на партијата Димитар Апасиев истакна дека нивната партија е единствената политичка сила од сите парламентарни и вонпарламентарни партии која е изоставена од можноста за политичко претставување во четирите законски пакети за рекламирање. Тој обвини за директна вмешаност на државните институции, посебно АВМУ, чиј директор, според него, добива инструкции директно од премиерот.

Најави правни мерки, вклучувајќи и поднесување тужба и барање за итна временска мерка од Уставниот суд за стопирање на оваа забрана. Тие предупредија дека доколку не се реши овој проблем, го разгледуваат и поднесувањето случај во Стразбур, што може да доведе до правна битка од неколку години, со последици за демократските процеси во Македонија.