Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) разгледуваат можност за воени акции против Иран за да ги запрат нападите со проектили и дронови на Техеран на нивна територија, пренесува Аксиос од два извора кои се запознати со ситуацијата.
Емиратите од почетокот на војната се мета на ирански напади повеќе од било која друга земја во регионот, па дури и Израел.
„Обединетите Арапски Емирати разгледуваат преземање на активни одбранбени мерки против Иран. Иако на било кој начин не учествуваат во војната, сепак претрпеа 800 проектили“, рече еден од изворите кој е упатен во расправата за безбедносната политика на ОАЕ.
Министерството за одбрана на ОАЕ објави дека Иран досега истрелал 186 балистички проектили кон Емиратите од кои 172 биле пресретнати, 13 паднале во море, а еден паднат на тероторија на земјата. Дополнително се регистрирани 812 дронови од кои 755 биле пресретнати, а 57 погодиле цели ширум земјата. Во нападите загинаа тројца странски државјани, а околу 70 луѓе се повредени.











