Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Активни 7 пожари во земјава досега 19 се изгаснати

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Седум пожари под контрола, деветнаесет целосно изгаснати од вкупно 33 регистрирани на отворен простор во текот на 24 часа.

Според најновите податоци од ЦУК, седум пожари сè уште се активни, седум се ставени под контрола, додека деветнаесет се целосно изгаснати.

Активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид каде е зафатена мешана шума, крак кон с. Градешница, во Општина Македонски Брод – с. Црешнево каде гори ниска вегетација, во Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце каде е зафатена нискостеблеста шума, прнар и сува трева, во Општина Кочани – с. Нивичани каде гори ниска шума и трева, во Општина Карбинци – с. Јунузлија каде е зафатена шума и во Општина Зелениково – с. Гумалево каде гори ниска вегетација.

Пожари кои се под контрола:

-Општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, м.в. Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)

-Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)

-Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки, ниска вегетација)

-Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)

-Македонски Брод – с. Латово (мешана шума)

-Општина Ресен – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација)

-Општина Желино – меѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)

Целосно изгаснати пожари се во Чучер Сандево – кај Делеководите (мешана шума), Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна и ул. Нов Живот бр.10 (ѓубре), Гази Баба – ул. 516 бр.6 и ул. Јужноморавски бригади (ниска вегетација и ѓубре), Студеничани – с. Морани и Дрисла (депонија), Аеродром – ул. Тодор Чангов (ниска вегетација), Зелениково – с. Смесница (ниска вегетација), Куманово – с. Речица, ул. Никола Тесла и с. Пчиња (ниска вегетација и трева), Прилеп – с. Штавица, с. Ново Лагово и населба Тризла (ниска вегетација и дива депонија), Македонски Брод – с. Латово (грмушки и трева), Гостивар – с. Сенакос (ниска вегетација), Сопиште – с. Ракотици (ѓубре и напуштен објект), Радовиш – с. Подареш (ниска вегетација).

ЦУК апелира на внимателност, особено во летниот период кога пожарите може брзо да се прошират поради високите температури и сувата вегетација. Надлежните служби остануваат на терен и ја следат состојбата.