Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Aктивни девет пожари, изгаснати жаришта повторно пламнуваат

/

пред 819 дена

Сподели преку :

Во текот на вчерашниот дена имаше вкупно 30 пожари на отворен простор. Од нив се уште се активни девет пожари, под контрола се ставени шест, а 15 пожари се целосно изгаснати, иако за жал, во претходните денови имаше случаи кога изгаснати пожари повторно се разгоруваа, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов,

Во согласност со проценетите ризици и опасности, според информациите кои ЦУК ги има во овој момент, утрово во гаснењето на пожарите приоритет ќе бидат пожарот во Општина Чашка, селата Габровник, Мокрени, Јаболчиште, Дреново врв Лисец.

Ќе бидат ангажирани два хеликоптери, со дополнителни ангажирани локални сили и поддршка од 55 припадници на Армијата.

Во Општина Македонски Брод, село Тажево кон село Брезница ќе биде ангажиран хеликоптер на АРМ, со дополнителни ангажирани локални сили и поддршка од 30 припадници на Армијата.

Во гаснењето на пожарот во Општина Кавадарци, село Фариш, ќе дејствуваат два ер трактори од ДЗС, со дополнителни ангажирани 20 припадници на единицата Тигар на МВР.

За Општина Градско, Криволак кон Брегалница, пожарот кој доаѓа од Криволак, ќе бидат ангажирани 30 припадници на САЕ Тигар.

Останати активни пожари на отворено се во Општина Чашка, во селата Јаболчиште, Дреново врв Лисец, во Општина Долнени, село Небрегово, во Општина Пробиштип, место викано Балабаница, село Зелен Град, во Општина Македонски Брод, село Брзеница (ново жариште), како и во Општина Чашка, место викано Мукус, префрлен од Прилеп.