Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Ал Џезира: Петмина новинари убиени во израелски напад во Газа

/

пред 427 дена

Сподели преку :

Доцна во неделата, во градот Газа беше пријавено силно бомбардирање. Непосредно пред полноќ по локално време, телевизиската станица Ал Џезира соопшти дека дописникот Анас ал-Шариф е убиен во нападот.

Рами Мохана, административен директор во блиската болница Шифа, рече дека нападот погодил шатор во кој биле сместени новинарите на Ал Џезира пред ѕидовите на болницата, објави АП.

Заедно со ал-Шариф, убиени се уште тројца новинари и еден возач.

Израелската војска го потврди тоа, тврдејќи дека ал-Шариф „се претставил како новинар“ и дека работи за Хамас – што ал-Шариф го негираше.

Комитетот за заштита на новинарите минатиот месец соопшти дека е сериозно загрижен за неговата безбедност и рече дека тој е „цел на кампања за клевета на израелската војска“.

Ал Џезира објави дека четворица од новинарите на телевизиската станица „се убиени во израелски напад“.