Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албанија: Еколошки проблем со проектот на Трамп

/

пред 253 дена

Сподели преку :

Вкупно 41 еколошка организација од 28 земји ја повикаа албанската влада веднаш да ги запре иницијативите за изградба на луксузен туристички комплекс на островот Сазан, поврзан со компанија на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Во писмо до премиерот Еди Рама и министерот за животна средина, организациите предупредуваат дека проектот носи сериозни ризици за биодиверзитетот и бараат островот да биде прогласен за заштитено природно подрачје.

Албанската влада во декември му додели статус на стратешки инвеститор на проект вреден 1,4 милијарди евра. Еколозите посочуваат дека Сазан е витално живеалиште за загрозени морски видови, меѓу кои и медитеранската фока, и бараат итна суспензија на сите одлуки поврзани со проектот.

Во меѓувреме, Албанија ја посети и Иванка Трамп, која се сретна со премиерот Рама.