Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албин Курти повторно ќе се трка за премиерска фотелја на изборите во декември

/

пред 311 дена

Сподели преку :

Движењето Самоопределување повторно го номинираше својот претседател Албин Курти за премиер за изборите закажани на 28 декември во Косово.

Потпретседателот на партијата Гљаук Коњуфца, објавувајќи ја премиерската кандидатура од нивната партија, го оцени Курти како најуспешниот премиер и најгласно поддржан од народот во историјата на парламентарната демократија.

-Јас ќе го номинирам оној што добил најмногу гласови од нашиот народ во историјата на парламентарната демократија. Најзаслужниот во водењето на Движењето Самоопределување, лидерот на социјалната и демократската трансформација на Косово, најуспешниот премиер на републиката, Албин Курти, рече Коњуфца.

За време на својот говор, Коњуфца ги обвини досегашните опозициски партии дека сакаат да ја блокираат државата само за да го ослабнат Курти.

-Тие одбија дури и да формираат влада, па граѓаните се во право да прашаат што всушност сакаат. Тие сакаат да блокираат сè, така што блокадата на државата изгледа како слабеење на Самоопределување. Тоа е исклучително штетна и антидржавна агенда“, додаде Коњуфца.

Курти по номинацијата изјави дека не е негова вина што земјата мора повторно да одржи избори.