Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алиу: „Бардовци“ без човечки услови и кадар

/

пред 441 дена

Сподели преку :

Убиството во болницата Бардовци е потврда дека освен пари во здравството треба да се инвестира и во нови вработувања за да не се случуваат вакви трагедии, вели министерот Алиу. Алармантната состојбата во установата е видлива, но што се работи за подобрување засега тој не открива.

„За жал во Македонија менталното здравје е оставено на дното на здравствените услуги, според мене тоа треба да биде на врвот на здравствените услуги. Кога велам е на дното на здравствените услуги мислам и од инфраструктурна гледна точка, видовте пред месе ипол каква инфрастуктура имаат таму и од кадровска гледна точка , вие знаете дека во моментов кубуриме за професионалци во областа и исто така од гледна точка на поврзување инторапабилност помеѓу инситуциите. Знаете дека менталното здравје не бара само експерти од таа област, исто така бара и доктори и специјалисти од другите области. За жал ова за мене не е нешто можам да го третирам како излоиран случај. Јас очекувам дека ако не реагираме како институции навреме може да ни се случат и други такви инциденти таму“, вели Азир Алиу министер за здравство.

На прашањето што како министерство ќе преземат за осуденикот кој со стаклено шише уби друг пациент а претходно имал и други инциденти, министерот одговори.

„Таа е здравствена установа од затворен тип значи таму се третираат пациенти кои што имаат здравствени проблеми но исто така правни или проблеми поврзани с озаконот или злоупотреба на таков тип на нормални однесувања да кажеме кои што се за граѓаните.Во моментот немам решение и работиме на тоа. Решението знаеме дека треба да биде инфраструктурно и кадровски, тоа сме сигурни. Поврзувањето со другите институции ќе видиме, знаете дека тој објект и е надвор од клиничкиот центар Мајка Тереза. Ние имаме клиника тука во Мајка Тереза кои што работат и се поврзани со Бардовци но ќе видиме како понатаму ќе бидат во реално време поврзани и како ќе биде таа мобилност помеѓу Клинички центар и Бардовци, во моментов сме во таа фаза каде што јас немам конкретно ништо да ви објавам“, вели Азир Алиу министер за здравство.

Во Психијатриската болница во Скопје пред повеќе од еден месец беше министерот за здравство за кој вели дека бил еден од ретките на таа позиција кој ја посетил установата.

Констатираше лоши услови за работи но и третман на пациентите, а објави и  фотографии на кои се гледаат распаднати ѕидови, искршени врати и прозорци, тоалети без врати, а нема ниту чешми за одржување на личната хигиена. Од болницата, пак, не сакаат да дадат повеќе детали, изразија сочусвтво и информираа дека осуденикот е во установата но со присуство на полицијата.

Симона Петровска