Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алиу: Не забрануваме пушење, туку строго дефинираме каде може да се пуши

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Над 45 проценти од населението кај нас се активни пушачи, активен пушач значи повеќе од 18 цигари на ден, и бројката на активни пушачи во Македонија е голема, рече министерот за здравство, Азир Алиу во „Директно“ на Телма ТВ во врска со најавениот закон за заштита од пушењето. „Ние не забрануваме пушење, туку строго дефинираме каде може да се пуши, додаде тој.

„Научно е докажано дека и пасивното пушење е штетно колку и активното. Како Министерство за здравство правиме анализа, од првиот ден рековме дека ќе креираме политики базирани на податоци и на потреби. Податоците покажуваат дека дел од здравствените проблеми кај граѓаните во државата директно се поврзуваат со активно пушење. Анализирани се голем број на клинички случаи кои што се пасивни пушачи и исто така имаат здравствени проблеми, дали канцер на бели дробови, дали кардиоваскуларни проблеми, а кои научно се докажани дека се поврзани со пушењето“, рече Алиу.

С.Д.