Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американската црна листа како поправен за македонските функционери

/

пред 1005 дена

Сподели преку :

Имињата на црната листа на САД се дел од поширока стратегија за борба против корупцијата, а очекувањата на стратешкиот партнер на земјава се дека ќе има промена во однесувањето на оние кои се нашле на неа. Ова е пораката на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан во врска со улогата на црната листа.

Последен на листата се најде бизнисменот Кочо Анѓушев со образложение дека „нема право на влез во САД затоа што ја злоупотребил својата службена положба додека бил вицепремиер во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во владините институции“.

На него друштво на листата му прават и Груевски, Мијалков, Мерко, Камчев и Самсоненко.

Санкциите на САД во борбата против корупцијата, како што рече О’Брајан се дел од стратегиите за решавање на таканаречената заробена држава и на корупцијата, проблеми со кои што се соочуваат многу земји, вклучително и во овој регион.

Нашата цел е да видиме промена во однесувањето од страна на личностите на листата и на оние што се поврзани со нив. Тоа понекогаш значи дека ќе се додадат дополнителни имиња на листата или луѓе ќе бидат отстранети од листата. Но, таа е сепак алатка од една поширока стратегија. Она што сакаме да го видиме е луѓето да се навикнат да ги користат сите алатки кои што им се достапни за да се борат со корупцијата и да ја задржат таа посветеност при формирањето на новата Влада, рече О’Брајан, помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија.

Владата претходно информираше дека е подготвена измена на законот за рестриктивни мерки со вклучување на рестриктивни мерки воведени од САД и на Велика Британија. Сега законот е низ процес на усогласување со македонските закони и кога тоа ќе се заврши ќе биде доставен до пратениците во Собранието.

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер најави дека ќе има и други лица од Македонија на црната листа, но, повтори и дека мерки треба да преземат и нашите институции.

Марија Митевска