Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американската влада останува затворена, илјадници федерални службеници се на принуден одмор или работат без плата

/

пред 374 дена

Сподели преку :

Владата на САД останува затворена по петто неуспешно гласање во Сенатот за усвојување на мерки за финансирање, при што и демократскиот и републиканскиот предлог не го достигнаа неопходниот праг од 60 гласови. Илјадници федерални службеници веќе пет дена се на принуден одмор или работат без плата. Претседателот Доналд Трамп претходно предупреди дека уште едно неуспешно гласање може да доведе до масовни отпуштања. Демократите одбиваат да поддржат буџет без заштита на здравствените субвенции за понископлатените работници и враќање на средствата за програмата Медикејд.Трамп ги обвини демократите дека го држат народот како заложник за „нивните пропаднати здравствени политики“, додека лидерот на демократите Чак Шумер директно го негираше тоа велејќи: „ОВА НЕ Е ВИСТИНА“.