Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американски Ф-16 се урна во Жолто Море – пилотот се катапултира и се спаси

/

пред 1052 дена

Сподели преку :

Амњрикански воен авион од типот Ф-16 се урна за време на тренажен лет над Жолтото Море, соопштија силите на САД стационирани во Јужна Кореја.

Пилотот, како што се наведува во извештајот, успеал да се катапултира и спаси, по што јужнокорејската морнарица го извлекла од водите меѓу корејскиот полуостров и Кина.

Авионот полетал утрово од американската воздухопловна база во Гунсан, на западот на Јужна Кореја. Во тек е истрага за причините за несреќата, а првично познатите детали се однесуваат на вонредна ситуација за време на летот.

Во Јужна Кореја се стационирани околу 28.500 американски војници.