Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американски и руски претставници со месеци наназад се состанувале во Швајцарија и разговарале за Украина

/

пред 605 дена

Сподели преку :

Претставници на САД и Русија изминатите месеци се состанувале во Швајцарија на неформални разговори за војната во Украина, а последната средба била минатата недела, рекоа три извори за Ројтерс.

Иако учесниците во тие разговори имаат искуство во дипломатската и безбедносната сфера, тие не се владини претставници и во овој момент е нејасно дали се испратени од влади, велат два анонимни извори.

Тие ги опишаа разговорите како спореден канал, со контакти воспоставени во текот на периодот на транзиција на власта по победата на американскиот претседател Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.

Најмалку неколку советници на Трамп знаат за овие разговори, изјави еден од изворите, директно инволвиран во тоа прашање.

Други детали за овие средби не се познати, вклучително и тоа дали биле присутни и Украинци, кога точно почнале средбите и кои биле темите.

Тие досега необјавени состаноци се показател за заткулисните напори на САД и Русија да ги проучат начините за ставање крај на војната во Украина и покрај речиси замрзнувањето на официјалните контакти во времето на претходникот на Трамп, поранешниот претседател Џо Бајден.

Oд швајцарското Министерство за надворешни работи за агенцијата изјавија дека биле информирани за разговорите.

„Овие активности помагаат во поддршката на дипломатските напори поврзани со конфликтот“, соопшти министерството.

Два извора рекоа дека најмалку една средба се одржала минатата недела во Женева за време на Минхенската безбедносна конференција.