Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американски медиуми: САД се најверојатно одговорни за нападот на училиштето во Иран во кој беа убиени 165 лица, најголем дел од нив деца

/

пред 217 дена

Сподели преку :

Додека САД сѐ уште официјално не ги соопштија резултатите од истрагата за нападот на училиштето во градот Минаб во кој беа убиени 165 лица, најголем дел од нив деца на возраст од 7 до 12 години, американските медиуми веќе ги соопштија првичните неофицијални резултати од истата.

Според овие информации, кои ги пренесоа Њујорк Тајмс, Ројтерс и Вашингтон Пост, сателитските снимки и тајмингот на нападот сугерираат дека училиштето било уништено во истото време кога цел на напад бил и близок објект на Иранската револуционерна гарда.

Сепак, станува збор за првични резултати од истрагата, која сѐ уште не е завршена и затоа не може официјално да бидат потврдени.

Истовремено, овие американски медиуми пренесуваат изјави на експерти и меѓународни групи за човекови права дека намерните напади на цивилната инфраструктура како училиштата претставува нарушување на меѓународното хуманитарно право, кое ги заштитува образовните институции и децата во зоните на конфликти.