Сенатот на САД изгласа Резолуција со која се ограничуваат воените овластувања на претседателот Доналд Трамп во Иран, благодарение на четири гласа на републиканци кои гласаа „за“ предлогот на демократите. Тоа покажува дека заедно со мнозинството демократски сенатори, на војната соИран се противат и некои републиканци.
Гласањето е само прв чекор во усвојување на Резолуција во Сенатот, а дури и двата дома да ја одобрат резолуцијата, се очекува вето од Трамп, пренесува „Си-Би-Ес“.
Сенаторите го усвоија предлогот за разрешување на резолуцијата на Одборот со 50 гласа „за“ и 47 „против“. Сузан Колинс од Мејн, Лиза Мурковски од Алјаска, Ренд Пол од Кентаки и Бил Касиди од Луизијана беа четворицата републикански сенатори кои се придружија на демократите. Дополнително, републиканците Џон Корнин од Тексас, Томи Тубервил од Алабама и Том Тилис од Северна Каролина не гласаа, со што придонесоа демократите да добијат мнозинство за предлогот.за ограничување на овластувањата на Трамп во врска со војната против Иран.
Единствен, пак, демократ кој се противеше на предлогот беше Џон Фетерман од Пенсилванија.











