Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АМСМ: Одрон на патот Берово – Струмица, поради магла на одреди места е намалена видливоста

/

пред 246 дена

Сподели преку :

(фото архива)

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица, кај село Ратево, поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Свети Николе – Сарамзалино и Велес. Намалена видливост и појава на магла има и на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка до 30м. Сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.