Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ана Дангова Хуг влегува во трка за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права

/

пред 149 дена

Сподели преку :

Откако владата доби негативно мислење за адвокатот Јордан Апосотолски  кој заедно со адвокатката Наташа Бошкова и деканот на Правниот факултет „Јустинијан први“ Сашо Георгиевски во ноември лани беа предложени од комисија предводена од претседателот на Уставниот суд, Комисијата денеска заседаваше и утврди нов кандидат на местото на оспорениот кандидат е Ана Дангова Хуг, предлог кој доби едногласна поддршка од членовите на Комисијата.

Постапката за избор на новиот кандидат беше спроведена во целост согласно критериумите и препораките, на ист начин како и претходниот принцип на гласање, односно со запазување на препораките од ДКСК за изземање на дел од членовите, се наведува во известувањето до Уставниот суд.

А, од судот Во однос на првата точка, членовите на Комисијата изразија задоволство од фактот дека Експертскиот панел нема забелешки за постапувањето на Комисијата и за целата национална постапка, која  според Експертскиот панел не покренува никакво посебно прашање.

Комисијата за избор на кандидат за судија за ЕСЧП во текот на утрешниот ден, преку Министерството за надворешни работи ќе го извести Експертскиот панел за новиот кандидат.