Голем пожар синоќа избувна кај Смилковско Езеро во Скопје… На терен интервенираа екипи од Пожарната служба на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за одбрана и МВР… Поради силниот ветер пламените јазици се проширија брзо, а постоеше сериозна опасност тој да се прошири и да ја зафати фабриката Железара но и околните населени места… Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување изрази сомнеж дека пожарот е намерно подметнат, а тоа дополнително го потврдува и пријавата на граѓанин кој известил дека е забележано лице кое го потпалило… Ангелов потсети и дека вчера на територијата на Визбегово избиле три пожари, а на местото каде беснееше огнената стихија пожарникарите пронашле палети фрлени врз грмушки што е индиција дека некој намерно ги подметнувал…











