Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангелов: Најсериозен пожар во моментот е кај Николиќ, ветрот постојано го менува правецот и го отежнува гаснењето

/

пред 463 дена

Сподели преку :

Најсериозниот пожар во моментов е кај дојранското село Николиќ, во близина на границата со Грција, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

„Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожарот. Но, поради ветрот, кој постојано го менува својот правец, овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола“, рече Ангелов.

Според него, пожарот е раширен на поголема територија и претставува опасност да ги зафати и околните шуми.

„Во соработка со колегите од грчка страна кои понудија поддршка од два канадера го активиравме Европскиот механизам за цивилна заштита за употреба на овие канадери кои треба да дејствуваат. По потреба на располагање имаме еден полициски и еден армиски хеликоптер, како и два ЕР трактори на ДЗС, затоа што вториот предмалку слета во Скопје“, информира Ангелов.

Информира дека предмалку избил нов пожар на територија на Крива Паланка, во близина на местото каде беснееше пожарот пред неколку дена.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, како што информира Ангелов, регистрирани се повеќе од 40 пожари на отворен простор.