Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангелов побара државата да најде начин да ги ослободи осудените за 27-ми Април

/

пред 1620 дена

Сподели преку :

Државата е должна достојно да го одбележува споменот на загинатите херои и да помага на семејствата на загинатите, изјави денеска лидерот на движењето Достоинство, Стојанче Ангелов по одавањето почит на загинатите припадници на Армијата и на полицијата кај Вејце на 28 април 2001 година.

„Нека им е вечна славата на нашите загинати херои. Како држава сме должни споменот на нив да го чуваме засекогаш и ваквите денови да ги одбележуваме достојно, воедно како држава имаме обврска да помагаме на членовите на нивните семејства“ изјави Ангелов.

Според него, обвинетите за упадот во Собранието на 27 април, треба да бидат ослободени, бидејќи како што рече за разлика од оние кои палеле и убивале македонски бранители и цивили, обвинетите не убиле никого.

– Оние кои ги убија осумте наши браќа во заседата кај село Вејце, но и оние кои ги убија нашите 10 браќа во заседата кај Карпалак или оние кои ги убија осумте македонски бранители со противоклопна  тенковска мина, но и оние кои убија уште шеесетина македонски бранители покрај набројаните, денес се на слобода, беа амнестирани веднаш по завршувањето на вооружените дејствија во 2002 година. Амнестирани се оние кои убиваа припадници на македонските безбедносни сили, а како тоа да беше малку, амнестирани се и оние кои убија 12 невини македонски цивили. Амнестирани се и оние кои највулгарно и ѕверски се изживуваа врз киднапираните мавровски работници, односно амнестирани се злосторниците опфатени со т.н. Хашки случаи, рече Ангелов потенцирајќи дека државата и покрај сите контроверзии треба да најде начин да ги ослободи обвинетите за настанот од 27 април.

Тој истакна дека нема ништо херојско во тоа крвнички да се тепаат пратениците во Собрание, жени и мажи, мајки и татковци, додека нивните родители или деца на телевизија гледаа обид за линч.

Но, како и да е оние кои го измислија и реализираа овој пеколен план, но и оние кои ненамерно влетаа во пеколниот план, сепак не убија никого, не запалија никого, не пукаа во глава на никого, така како што правеше УЧК во 2001.  Државата треба да собере сила и покрај сите контроверзии и експлозивните емоции, да најде начин лицата обвинети за 27 април да бидат амнестирани. Според нас, тие не се херои, но уште помалку се терористи и не треба да бидат во затвор. Доста е, потенцира лидерот на Достоинство.