Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антикорупциска поведе постапка за 234 советници, кои не поднеле изјава за имотна состојба

/

пред 214 дена

Сподели преку :

Антикорупциската комисија ќе поведе постапки за 234 советници избрани во општините, кои не поднеле изјава за имотна состојба и интереси во законскиот рок.

Анализата на електронската евиденција покажала дека околу една петтина од советниците во општинските совети, не ја доставиле задолжителната изјава, што претставува прекршување на законот за спречување на корупција и судирот на интереси.

Советници од 61-наопштина, не ја доставиле изјавата, поради што комисијата ќе постапува поединечно за секој предмет

За оние кои нема да го платат прекршочниот налог во рок од осум дена, ќе бидат иницирани прекршочни постапки пред надлежната комисија за прекршоци.