Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антон Јелизаров е нов лидер на платеничката група „Вагнер“ – назначен наследникот на Пригожин

/

пред 1158 дена

Сподели преку :

Антон Јелизаров, познат по прекарот Лотус, е избран за нов водач на руската паравоена формација „Вагнер“ по смртта на основач и лидер на таа група, Евгениј Пригожин.

Како што пренесува британски „Експрес“, новиот газда на „Вагнер“ учествувал во некои од најжестоките битки во војната во Украина и одиграл водечка улога во освојувањето на градот Соледар во источна Украина.

„Експрес“ наведува дека во рамки на групата „Вагнер“, Јелизаров е познат како „освојувачот на Соледар“, прекар што наводно му го дал Пригожин.

Британскиот весник наведува и дека бил близок со Пригожин, кој неодамна загина во авионска несреќа во близина на Москва.