Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апелација ја укина забраната – контролорите на летање може да штрајкуваат

/

пред 308 дена

Сподели преку :

Апелациониот суд Скопје ја поништи одлуката на Граѓанскиот суд со која беше забранет штрајкот на контролорите на летање во М-НАВ, донесена зад затворени врати без расправа и без да се сослуша Синдикатот.

Со оваа пресуда, контролорите веднаш добија право да го реализираат најавениот штрајк, кој првично требаше да се одржи на 20 октомври, помеѓу двата изборни круга.

Судот утврди дека судијата незаконски донел времена мерка „забрана за штрајк“, иако такво барање не било поднесено во тужбата.

Предметот се враќа повторно во Граѓанскиот суд, каде контролорите очекуваат конечно да ги изнесат своите аргументи и доказите за почитување на законските процедури за најавата на штрајкот.

Синдикатот тврди дека нивните барања се стари и неприменети, од услови за работа до спречување партиски вработувања и модернизација на опремата стара повеќе од две децении.