Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апелациониот суд во Штип одлучи инспекторите од УЈП, осомничени за соработка со сопствениците на дискотеката „Пулс“, да се бранат од слобода со мерки на претпазливост

/

пред 283 дена

Сподели преку :

Инспекторите од УЈП осомничени дека соработувале со сопствениците на дискотеката Пулс, Драган Паунов и Дуле Димитриев ќе се бранат од слобода, велат за Телма од Штипскиот Апелационен суд. Судот ја потврди одлуката која претходно ја донесе Основниот суд во Кочани да им бидат одредени мерки за претпаазливост во замена за куќниот притвор каде беа до сега.

Претседателот на апелациониот суд во Штип Тони Делев вели дека во моментов се пишува образложението за ваквата одлука по што ќе им биде доставено на осомничените кои можно е уште денес да излезат на слобода.

За двајцата првично обвинителството бараше мерка евективен притвор но судот во Кочани определи куќен. После еден месец ја преиначи својата одлука бидејќи како што тврдеше адвокатот на Паунов, доставиле медицинска документација. На неговиот клиент во меѓувреме му биле дијагностицирани кардиолошки проблеми, па поради ова бара да се брани од слобода. Сега мерките на претпазливост вклучуваат забрана за напуштање на градот во кои живеат, оддалечување од работното место, одземање на пасошот и да се јавуваат во судот кој треба да го потврдува нивното присуство.

Паунов е брат на Даниела Димовска, ве де претседателката на Кривичен суд каде пак во моментов се одвива судењето за пожарот во дискотеката во која загина 63 млади луѓе. Таа уште кога нејзиниот брат беше уапсен тврдеше дека нема никакво влијание во предметот поврзан со него.

Инаку двајцата инспектори од УЈП се осомничени дека земале поткуп и му дојавувале на газдата на „Пулс“, кога ќе има ненајавени контроли во диското. Обвинителството отвори постапка за 11 луѓе меѓу кои даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица. Ги сомничи дека им овозможувале на правните фирмите да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација. Опфатен е и сопственикот на “Пулс” кој веќе е во притвор во другиот предмет е осомничен дека изработувал лажни фискални извештаи за да не биде затворен. . Осомничена е и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат која исто така е опфатена со претходната постапка а дека оддавала службени тајни.

Истрагата беше отворена откако Истражувачката репортерска лабораторија објави дел од доказите во кои се гледаа преписки меѓу инспекторите и синот на сопственикот на Пулс на кој исто така му се суди за трагедијата.

Билјана Николовска

Дигитална обработка: T.Д.