Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меси и Аргентина на колена пред упорните фудбалери на Саудиска Арабија, победа на аутсајдерот со 2:1

/

пред 1413 дена

Сподели преку :

И покрај апсолутната доминација на фаворитот Аргентина во првото полувреме, „зелените соколи“, фудбалерите на Саудиска Арабија победија со 2:1 откако на почетокот на второто полувреме двапати ја погодија мрежата на противникот.

Огромно изненадување и сензационален старт на Саудиска Арабија против еден од најголемите фаворити за првак на светот.

Лионел Меси е стрелец на единствениот гол за „гаучосите“. Го постигна од пенал уште во 10-тата минута. Во првото полувреме Аргентинците погодија уште три пати, но головите беа поништени поради офсајд.

Фудбалерите на Саудиска Арабија возвратија во второто полувреме, Алсхехри постигна гол во 48-мата минута. Во 53-тата минута, нов шок за Аргентинците. Алдавсари со извонреден удар ги потврди извонредните 5 минути фудбалска игра на аутсајдерот.

Овој шок-удар тешко му падна на фаворитот кој во преостанатиот дел се обидуваше да се врати во игра, ама со исклучок на приликата која ја имаше Таљафико во 63 минута немаа доволно силен притисок кој ќе им овозможи кам-бек.

Јалови беа обидите на Меси, Ди Мариа и останатите играчи во сино-белите дресови, да променат нешто и да стигнат до израмнување и победа како што сите очекуваа пред да почне мечот.

Саудијците играа дисциплинирано и пожртвувано и успеваа да ги закочат комбинациите на аргентинските плејмејкери водени од еден од најголемите фудбалери на денешнината.

Со ова заврши серијата без пораз на Аргентина која траеше од 2019 година. Воедно ова за нив е прв пораз на ваков начин на СП од 1930 година.
На Саудиска Арабија, ова и е 6-то учество на светските фудбалски првенства. Најдобар резултат постигнаа на своето деби на Мундијалите, кога во 1994-тата во САД ги победија и Белгија и Мароко и се пласираа во 8-мина финалето коешто го загубија од Шведска.
Три наредни првенства по ред немаа победа, а по пауза од два Мундијала, се вратија меѓу елитата во 2018-та во Русија кога го победија Египет, но не се пласираа подалеку од групата во која беше и домаќинот.
Аргентина е прв јужноамерикански противник кого го победуваат на светските првенства и највреден фудбалски скалп во фудбалската историја на арапската монархија позната по огромното производство на нафта и енергенси.