Војската на Венецуела денеска соопшти дека ја признава Делси Родригез, заменилка на уапсениот претседател Николас Мадуро, за привремена лидерка на земјата.
Министерот за одбрана, Владимир Падрино објави соопштение во кое ја поддржува одлуката на Врховниот суд на Венецуела според која Родригез е именувана за в.д. претседателка за период од 90 дена.











