Кој ги оркестрира инцидентите и меѓуетничките тензии, како е можно Советот за граѓански надзор на ОТА да се претвори во партиско дувло?
Во Вин-Вин дебатираат пратениците Оливер Спасовски и Павле Арсоски.
- „Самото тоа по себе говори дека нема искреност во однос на надзорот, односно советот за граѓански надзор или контрола кој сега е предложен и треба да се избере од страна на собранието ја покажува таа „политичка волја“ дека во суштина не треба да имате луѓе кои што ќе ги контролираат службите, туку треба да имате луѓе кои што ќе им погодуваат на службите во секакви услови и би преземање на било какви позиции. Овој парламентарниот процес беше воден под покровителство на Дикаф (Дирекција за безбедност на класифицирани информации) за креирање на граѓанскиот надзор за парламентарната контрола и т.н. Се вложи многу труд во изминатиот период се со цел да се воспостават механизми со кои што ќе може да имаме лица кои што ќе можат да бидат вклучени, кои што не се оптеретени политички“, рече Спасовски.
Тој истакна дека претходниот состав на советот не проработел затоа што во суштина финансиските прашања биле приоритет во однос на работата на советот, па морало да дојде до промена на законското решение.
- Но сега кога веќе е воспоставен тој модел законски за тоа луѓе да можат да бидат во тој граѓански совет ние се соочуваме во ситуација во која што тие кои што работеа на експертско ниво за да се воспостави систем на граѓанска контрола, тие не беа земени во предвид дека треба да бидат дел од граѓанскиот совет и исклучиво предлозите се чисто партиски, истакна Спасовски.
Арсовски, како претседател на собраниската Комисија за безбедност и одбрана и како член на другата комисија за надзор над следење на комуникациите истакна дека во изминатиот период заедно со Дикаф со Женевскиот центар, заедно со колегата Миле Талевски вложиле многу напори.
- Напори за да го промовираме овој процес. да ги охрабриме луѓето да се пријават имајќи предвид како заврши претходниот состав на комисија од 2019 година и направивме се за да има одзив за да има кандидати за да може надлежната комисија да работи на нивниот избор. Наративот што го слушам, ако малку прелистате низ годините наназад, еве во 2019 година ќе видите што се пишувало за составот на првиот состав на комисија за граѓански надзор. Исто се пишувало само актерите биле променети, СДСМ бил на власт на ВМРО – ДПМНЕ бил во опозиција, тогаш од сум кандидати избрани се седум, смета Арсоски.











